Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Питу Гули

Роден е во 1868 година во Крушево во влашко семејство. Кратко време бил печалбар во Бугарија, од каде во 1885 година, со четата на Адам Калмиков преминал во Македонија. Откако четата била разбиена, Питу Гули бил фатен, суден во Солун и осуден на 7 години затвор што ги одлежал во црноморскиот град Трапезунд, Мала Азија. Во 1894 година е ослободен, се вратил во Крушево и се вклучил во ВМОРО. Питу бил повторно во Бугарија, од каде во март 1903 година со своја чета се вратил во Крушево.

За време на Илинденското востание учествува во ослободувањето на Крушево, командувајќи со голем одред кој водел борба за освојување на турската касарна. Кога турската повеќеилјадна војска почнала да го напаѓа градот, Питу Гули со своите 370 борци останал на позициите кај месноста Мечкин Камен.

Во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik